Дел Потро се враќа на тениските терени во Флорида

Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин Дел Потро откри кога ќе се врати на тениските терени, по несаканата повреда.

Делпо ќе игра на турнирот на Делреј Бич во Флорида кој ќе се одржи наредниот месец. Аргентинецот на овој терен има една титула, во 2011 година. Настанот ќе започне на 19 февруари.

Дел Потро, кој моментално е петтопласиран на АТП-листата, поради повреда го откажа настапот на Австралија Опен во Мелбурн.

Најголемиот успех за Аргентинецот е освојувањето на УС Опен, а во Мелбурн најдалеку стигнал до полуфиналето. Неговата главна цел е да биде подготвен за почетокот на Мастерс серијата.