• Горан Упале
Сè е спремно за тенискиот спектакл во Буенос Аирес, на кој Хуан Мартин дел Потро ќе се судри со Новак Ѓоковиќ во својот последен тениски меч во кариерата. Двајца големи ривали и пријатели ќе се сретнат во салата „Мери Теран де Вејс“, која има капацитет од 15.500 седишта и вечерва се очекува да биде исполнета до последно место.
Дел Потро не играл тенис од 2022 година, иако непремостливите проблеми со повредите започнаа веќе во 2019 година. Една сезона претходно играше во финалето на УС Опен, кое го загуби токму од Ѓоковиќ.
Аргентинецот победи на четири од дваесет дуели, со тоа што на српскиот тенисер му ги нанесе едни од најтешките порази на Олимписките игри, прво во 2012 година, а потоа и во 2016 година. Дел Потро ја освои својата единствена Грен слем титула во 2009 година во Њујорк, победувајќи го Роџер Федерер.
„Се надевам дека нема да чувствувам болка барем час или два“, изјави Дел Потро во најавата за мечот против Ѓоковиќ.
Novak Djokovic and Juan Martin del Potro share a hug as Novak arrives for Delpo’s farewell match in Buenos Aires.
So many great moments between these two legends.
One last time.
— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) November 30, 2024
Ноле дојде во Буенос Аирес во саботата и присуствуваше на финалето на Копа Либертадорес, на кое славеше Ботафого.