Дејвис Куп селекцијата на Македонија против Естонија, Црна Гора и Летонија

Групата Б ќе биде резервирана за Дејвис Куп репрезентацијата на Македонија во Третата европска група, натпреварување кое од утре до 14 септември ќе се одржи во Атина, Грција.

Горазд Србљак, Димитар Грабул, Лука Љубен Андонов, Берк Бугариќ, предводени од капитенот Чедомир Јовановски и асистентот Владимир Томиќ ќе ги бранат боите на нашата држава, а за свои противници на денешната жрепка ги добија носителот Естонија и Црна Гора и Летонија.

Турнирот го стартуваме утре со дуел со Естонија, а првиот натпревар е закажан за од 10:00 часот изутрина.