Дејвис Куп: Хрватска пред финале, Франција со водство против Шпанија

Со натпреварот меѓу Борна Чориќ и Стив Џонсон, денес започнаа полуфиналните средби од тенискиот Дејвис Куп, во кој за големото финале ќе се борат селекциите на Франција против Шпанија и Хрватска против САД. 

Во првото полуфинале, кое се игра во Задар, „коцкестите“ веќе имаат сигурно водство од 2-0 и се на чекор до нов дуел за најтпрестижниот екипен трофеј во тенискиот свет. Младиот Чориќ отвори со фантастична игра и убедлива победа над 30-годишниот Американец (6-4, 7-6/4, 6-3), додека Марин Чилиќ со лесни 3-0 славеше над Френсис Тиефо. 

Во второто полуфинале во Лил, Франција веќе има водство од 1-0, откако Беноа Пер со 7-5, 6-0, 6-1 го збриша Карено-Буста од Шпанија.