Де Минер лесно со квалификантот Холмгрен за осминафинале во Лондон

Австралиецот Алекс Де Минер оствари значајна победа во третото коло на Вимблдон и славеше над Данецот Аугуст Холмгрен со максимални 3-0, по сетови 6-4, 7-6/5 и 6-3. 

Холмгрен пружи силен отпор во првиот и вториот сет, но немаше сили да приреди изненадување против единаесеттиот тенисер во светот. 

Во осминафиналето Алекс Де Минер ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу Миомир Кецмановиќ и Новак Ѓоковиќ

ФОТО/PHOTO: Wimbledon/Twitter/X