Дали Новак излажал во документите за влез во Австралија? Владата отвори нова истрага

Иако Новак Ѓоковиќ ја доби судската битка со Австралија и му беше вратена визата, сепак неговиот настап на Австралија Опен е под знак прашалник. Сепак, сега пред српскиот тенисер се нови проблеми. Главната одлука е на министерот за емиграција, Алекс Хоке, кој веројатно ќе мора да почека. 

Според најавите сојузната влада на Австралија започна истрага за првиот светски рекет. Имено, постои шанса Ѓоковиќ при влезот во Австралија да излажал на официјалните документи. На прашањето дали тој патувал некаде во претходните 14 дена, веројатно одговорот е „Не“. Сепак, тоа не е вистина бидејќи на 31 декември Ѓоковиќ беше виден во Марбеља. Постои шанса некој друг да го пополнил формуларот во име на Србинот, но и покрај тоа тој е обвинет од властите. 

Сојузната влада во Австралија инсистира дека укинувањето на визата за Ѓоковиќ имало правна основа. Доколку се смета дека српскиот тенисер е виновен за лажирање во документот, тоа дефинитивно нема да му оди во прилог. 

Од задолженото министерство е најавено дека Хоке детално ќе ги разгледа сите докази во случајот на Новак Ѓоковиќ и дури потоа ќе ја донесе одлуката. Сепак, тоа значи дека истата можеби нема да дојде во текот на денешниот ден. Министерот има дискрециско право сам да одлучи во оваа ситуација и неговата одлука ќе биде последна.