Дабровски и Рутлиф по две години одново го освоија УС Опен

Канадско-новозеландската тениска двојка Габриела Дабровски и Ерин Рутлиф ја освоија титулата на Отвореното првенство на Сoeдинетите Американски Држави во Њујорк.

Дабровски и Рутлиф, кои беа трети носителки, во финалето ја победија чешко-американската двојка Катерина Сињакова/Тејлор Таунсенд (први носителки) со 6-4, 6-4, за 79 минути.

За двете тенисерки ова им беше втора титула во Њујорк, откако триумфираа во двојки и на Грен слемот пред две години.

Дабровски, во својата кариера има уште два трофеи од Грен слем турнирите во мешани двојки, во 2017 година на Ролан Гарос и една година подоцна на Отвореното првенство на Австралија.