• Горан Упале

Тенисерот Николоз Басилашвили на интересен начин го коментираше скандалот во Дејвис купот помеѓу Чиле и Белгија. Басилашвили се осврна на еден детаљ од мечот меѓу Зизу Бергс и Кристијан Гарин, кога Бергс за малку ќе го нокаутираше Гарин, но на крајот го доби натпреварот и обезбеди пласман на својата земја во следната рунда.
Ова се случи откако главниот судија и супервизорот не оценија дека Бергс треба да биде дисквалификуван поради удирање на противникот, иако ненамерно, а победата му беше доделена затоа што Чилеанецот одби да го продолжи дуелот.
Басилашвили беше шокиран од потегот на челниците на Дејвис купот и се осврна на бројните неправди што ги претрпе Новак Ѓоковиќ, алудирајќи дека казната ќе беше многу поригорозна доколку Србинот беше на местото на Бергс.
„Ако Новак го направеше ова, ќе беше дисквалификуван доживотно“, истакна Басилашвили.
Ѓоковиќ пред четири години беше дисквалификуван откако со топче ненамерно погоди линиски судија.