Црногорка е херој на денот во Мелбурн: По година и половина заигра и победи на Грен слем!

Данка Ковиниќ е приказната на денот во женскиот дел од Австралија Опен. Црногорската тенисерка која во моментов е рангирана на 1.289 позиција на ВТА листата се пласира во второто коло совладувајќи ја Лулу Сан со 2-0 (6-3, 7-5). 

Ова немаше да биде ништо чудно или посебно, меѓутоа Црногорката имаше долга пауза од една година неиграње поради повреда. Ковиниќ во Мелбурн првпат настапи на Грен слем турнир по УС Опен во 2023 година. 30-годишната тенисерка по мечот не ги криеше емоциите за победата и пласманот во втората рунда во која ќе игра против Дарија Јастремска.

Во второ коло се пласира и Јасемин Паолини со сигурен триумф од 2-0 над Сијиа Веи. Италијанката за час и 15 минути го реши овој предизвик, совладувајќи ја со 6-0 и 6-4 кинеската ривалка. 

Победи забележаа и Кејс, Женг, Рибакина, Наваро, Касаткина...