Цонга доби „вајлд карта“ за настап на Австралија опен

Французинот Жо-Вилфред Цонга ќе настапи на првиот Грен слем турнир во 2019 година -  Австралија Опен. Цонга доби „вајлд карта“ од организаторите, бидејќи по пласманот на АТП листата и костурот, требаше да игра квалификации.

Преку програма за размена меѓу францускaтa и австралискaтa тенискa федерациja, поранешниот финалист на Австралија опен од 2008 година, ќе се најде во главната ждрепка.

Цонга се врати од повредата, играше во финалето на Дејвис Купот, а денес котира дури на 258. место на АТП листата. Пред точно десет години Цонга загуби во финалето во Мелбурн, откако претходно го елиминира Надал во полуфиналето.