Циципас: Зверев секогаш ми ги отежнува работите, секогаш сум мотивиран против него

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас е мотивиран пред новиот, 12-ти дуел против големиот ривал Александар Зверев.

Нивниот натпревар е закажан за в сабота, во рамките на полуфиналето на Мастерсот во Рим, а петтиот светски играч до оваа фаза стигнува вторпат, по 2019 година.

„Тој е играч кој секогаш ми ги отежнува работите. Мотивиран сум кога играм против него. Секогаш сакам да ја покажам најдобрата верзија од себе кога играм со него. Ако има добар ден и направи малку грешки, ќе морам да донесам добри одлуки. Тој во елитата дојде пред мене и ги почитувам неговите достигнувања“, изјави Гркот.

Циципас до нов дуел со стариот познаник дојде по победата над домашниот миленик Јаник Синер со резултат 7-6, 6-2.