Циципас со полемична изјава: Ако сакаат идентична заработка, нека играат пет сета

Циципас

Петтиот светски рекет Стефанос Циципас даде контроверзна изјава во последното обраќање на јавноста.

Грчкиот ас кажа свое мислење, откако беше запрашан за тенисерките и нивните очекувања да имаат идентична заработка како и тенисерите.

„Ако сакаат идентична заработка, нека играат пет сета“, гласеше краткиот коментар на Циципас.

Последниот меч во женска конкуренција кој се играл во пет сета датира од 1998 година. Швајцарката Мартина Хингис ја надигра Линдзи Девенпорт од Соединетите Американски Држави во „Медисон Сквер Гарден“.