• Зоран Мишевски

Второто коло на Мастерс турнирот во Индијан Велс ја донесе и првата сензација. Третиот светски рекет, Стефанос Циципас загуби од анонимниот австралиски тенисер, Џордан Томпсон со 6-7, 6-4, 6-7. Така Гркот пропушти шанса да го симне Ѓоковиќ од врвот на АТП листата. Таква опција има само уште Карлос Алкараз.
Четвртиот тенисер на светот Каспер Руд се пласира во третото коло на Мастерсот во Индијан Велс, откако со 6-2, 6-3 го совлада аргентинскиот тенисер Диего Шварцман. Норвежанецот за 89 минути го победи 38. тенисер во светот и остави одличен впечаток на натпреварувачка форма. Во првиот сет Руд двапати го одзеде сервисот на својот ривал, додека клучниот брејк го направи во вториот сет во шестиот гем.
Во третото коло Руд ќе игра против Чилеанецот Кристијан Гарин, кој со 6-4, 6-0 го победи Јапонецот Јошихито Нишиока. Во следната фаза се пласира и Британецот Камерон Нори, Дванаесеттиот тенисер на светот со 6-2, 6-4 го совлада Тајванецот Ву Тунг-Лин. Десеттиот носител во третото коло го чека победникот од пресметката помеѓу Италијанецот Матео Беретини и Јапонецот Таро Даниел.