Циципас се разигра против Тиафо, ветеранот Шарди остана во игра за медал

Циципас

Стефанос Циципас конечно одигра според очекувањата и во два сета го елиминира Франсес Тиефо (3-6, 4-6). Гркот наиде на противник кој не можеше ништо против неговиот стил на игра. Тоа му овозможи со два одземени сервиси, по еден во секој сет, да слави пласман во осминафиналната фаза на Летните Олимписки Игри во Токио.

Крај за настапите запиша Русинот Аслан Карацев кој го загуби дуелот со Жереми Шарди (5-7, 6-4, 3-6). Искусниот француски тенисер сочува сили за одлучувачкиот сет, кој го доби со брејк во петтиот гем.

Во конкуренција за медал остана и Диего Шварцман од Аргентина кој беше подобар од Чехот Томас Махал (6-4, 7-5).

Најнови вести од
Вимблдон