Циципас по победата над Ѓоковиќ: Никогаш не сум бил посреќен!

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас ја забележа својата најголема победа во кариерата, откако во осминафиналето на Роџерс Купот го елиминира Новак Ѓоковиќ.

По големата победа, Гркот скромно изјави дека една од причините за поразот на Ѓоковиќ е и заморот кој се гледал на лицето на Србинот.

„Неверојатно е чувството. Никогаш не сум бил толку среќен. Одиграв перфектен меч и сум презадоволен поради тоа. Новак не делуваше дека е целосно подготвен, ми изгледаше уморно, а јас тоа целосно го искористив“, изјави Циципас.

Во битката за пласман во полуфиналето, Циципас за противник ќе го има за ривал Александар Зверев, од кој неодамна загуби на АТП турнирот во Вашингтон.