Циципас по пет сета го „скрши“ Синер за четвртфинале во Мелбурн

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас се пласира во четвртфиналето на Австралија Oпен, oткако по пет сета славеше над Јаник Синер (6-4, 6-4, 3-6, 4-6, 6-3).

Мечот траеше нешто повеќе од четири часа, а по победата Циципас во четвртфиналето ќе игра со Јиржи Лехечко.Четврторангираниот светски тенисер до водство во сетови стигна по двата врзани брејка, а слична беше ситуацијата и во вториот сет. Гркот беше поконцентриран во клучните моменти и заслужено поведе со 2-0.

Сепак, Синер покажа квалитет и ја врати неизвесноста на мечот. Во третиот сет славеше со 6-3, додека во четвртиот одново го исфрли од игра фаворизираниот противник и израмни на 2-2. Решавачкиот сет беше решен во шестиот гем, кога Циципас ја врати играта од првиот сет и успеа да ја зачува предноста до крајот.

За Циципас ова ќе биде четврто четвртфинале на Австралија Опен во кариерата.