Циципас: Никогаш не сум бил поподготвен да се борам

Стефанос Циципас уште ноќва стана првиот финалист на Австралија Опен, па го доби Новак Ѓоковиќ за противник во финалето во Мелбурн. Грчкиот тенисер најави битка, зборуваше дека е подготвен да се бори и спротивстави на големиот шампион.

„Сметам дека никогаш не сум бил поподготвен да се борам против човек кој толку пати бил во финале. Ова е одлична шанса за мене, верувам во тоа што го работам и тоа е повеќе од доволно. Можеби нема да излезе како што јас сакам, но јас ќе дадам свој максимум“, рече Циципас.

Мечот за трофејот на Австралија Опен е закажан за в недела во терминот од 9:30 часот, на „Род Лејвер Арената“.