Циципас за паузите во тоалет: Ми треба повеќе време, но не колку на жените

Циципас

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас уште еднаш се осврна на долгите паузи што ги прави за време на мечевите, поради кои минатиот месец беше цел на бројни критики.

Третиот тенисер во светот беше критикуван од бројни играчи и јавноста за паузите кои ги користи за да оди во тоалет, особено во моментите кога резултатот не е во негова полза.

„Ми треба време, многу време, но не толку колку на жените. Правев и паузи кога сум го добивал сетот со резултат  6-0, што не беше баш добро за мене. Но, јас го направив тоа. Така, навистина немам лоша намера кога правам такво нешто. Сакам уште еднаш да потврдам дека не зборувам со никого“, рече Гркот.

На последниот Грен слем турнир оваа сезона, Цицапас забележа изненадувачки пораз во третото коло од шпанскиот тенисер Алкараз.