Циципас: Медведев не е најзрела личност, не разговарав со татко ми

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас ги демантираше наводите дека комуницирал со својот татко и тренер Апостолос за време на натпреварите со Медведев на Австралија Опен и додаде дека поради постојаните приказни за тоа, судиите неправедно внимаваат само на неговиот бокс.

<<< ПОВРЗАНО - Медведев бесен на судијата: „Дали си луд или глупав? Ова е полуфинале на Грен слем“ (ВИДЕО)

Циципас загуби во полуфиналето во Мелбурн од рускиот ривал со 3-1 во сетови, 7-6, 4-6, 6-4, 6-1.

„Поразот е пораз... Секако дека се трудам да се борам до последниот поен, но тој одигра подобро. Ќе се фокусирам на она што беше добро, а не на негативните работи. Сезоната е долга, имаме многу шанси пред мене и ќе се обидам да го дадам својот максимум.

Тоа беше интересна ситуација, но не обрнував премногу внимание. Знам дека некои играчи сакаат да ги прават тие работи за ментално да влијаат врз противникот. Можеби тоа е дел од нивната тактика. Во ред е. Тој секако не е најзрелата личност. Сум кажал и претходно, а ќе го кажам и сега. Не слушам ништо додека сум на теренот, тоа е невозможно. Публиката е гласна и мора да имаш супер слух за да можеш да го слушнеш твојот тренер“, рече грчкиот тенисер.

Медведев во големото финале во Мелбурн ќе се судри со Рафа Надал, кој ќе има шанса да испише историја и да стане првиот тенисер со 21 Грен слем трофеј.