Циципас: Кога играте против Рафа, мора да победите двајца тенисери...

Циципас Надал

Според Гркот Стефанос Циципас нема никакви дилеми дека Рафаел Надал е најдобриот тенисер на денешницата.

Шпанецот е неговиот најтежок противник на терените и човекот кој што скоро е невозможно да се победи.

„Рафа го има најдобриот форхенд, психичка подготовка и најдобриот борбен дух. Едноставно понекогаш е невозможно да го победите. За да успеете во тоа, мора да победите против двајца тенисери. Воедно тој е голем амбасадор на спортот. Има неверојатна дисциплина, однесување, морал и почит за сите околу него“, вели грчкиот тенисер.

20-годишникот од Атина игра во одлична форма во последните 12 месеци која му донесе пласман на шестата позиција на АТП листата.