Циципас ќе прави операција за да ги реши проблемите со лактот

Стефанос

Стефанос Циципас се откажа од завршниот турнир во Торино поради повреда. Сега е потврдена и точната причина за оваа негова одлука.

Грчкиот тенисер има проблеми со лактот, поради кои ќе мора да прави операција. Тој веќе го контактирал докторот кој пред неколку години му помогна на Новак Ѓоковиќ со идентична повреда.

Доколку одлучи да прави операција, Гркот ќе прави пауза од неколку месеци. Тоа ќе значи негово отсуство од Австралија опен, првиот голем турнир во новата сезона.

Циципас се надева дека целосно ќе се опорави и ќе го реши проблемот. Потоа ќе атакува на својата примарна цел, а тоа е освојување Грен слем трофеј.