Циципас ќе го предизвика Зверев за финале во Рим

Циципас

Стефанос Циципас и Александер Зверев втор турнир во низа ќе се сретнат во полуфиналната фаза. Гркот го надигра Јаник Синер (7-6/5, 6-2) и закажа дуел со Германецот на турнирот во Рим.

Домашниот тенисер парираше во првиот сет, кој го загуби по драматичен тај-брејк. Потоа на сцена стапи Циципас, кој со еден брејк ја оствари зацртаната цел.

Зверев, пак, го елиминира Кристијан Гарин со два одиграни сета (7-5, 6-2). Чилеанецот немаше одговор за расположениот противник, кој атакува на второ финале во низа.

Во женска конкуренција првиа полуфиналистка е белоруската тенисерка Арина Сабаленка.