Циципас ќе го предизвика Ѓоковиќ за трофејот на Ролан Гарос!

Среќата посака спектаклот меѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал да се одигра во полуфиналето на Ролан Гарос, а Србинот беше подобар и го исфрли Шпанецот пред финалето во Париз. Последна пречка до нов Грен слем трофеј за Новак ќе биде Стефанос Циципас

Од сите четири Грен слем турнири, Отвореното пренство на Франција е најредок трофеј во колекцијата на Ѓоковиќ, бидејќи го освои само еднаш во 2016 година, откако Надал поради повреда се откажа уште во третата рунда. Ова е одлична шанса за српскиот тенисер да го освои и 19-от голем трофеј, но ниту Циципас нема лесно да се откаже и предаде. 

Иако Гркот е неискусен, го игра првото Грен слем финале и досега нема голем трофеј во кариерата, често пати покажувал дека е незгоден ривал. Тоа одлично го покажа во осминафиналето, каде што го елиминираше вториот носител и светски рекет, Данил Медведев и тоа со експресни 3-0. 

Финалето во Париз денес е закажано од 15:00 часот, а останува да се надеваме дека ќе биде барем приближно квалитетно како полуфиналето на двата „вечни“ ривали.