Циципас и Зверев добија „визи“, останаа уште две места на завршниот турнир

Ден по крајот на Ролан Гарос, познати се уште двајца учесници на завршниот АТП турнир кој ќе се игра во „О2 Арена“ во Лондон.

На финалниот турнир место добија Стефанос Циципас, полуфиналист на Ролан Гарос и Александар Зверев, кој испадна во осминафиналето.

Покрај нив двајца веќе квалификувани се Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Доминик Тием и Данил Медведев. 

До последните две места во Лондон во моментов најблиску се Андреј Рубљов, Денис Шаповалов, Роберто Баутиста Агут, Матео Беретини, Пабло Карењо Буста...

Завршниот турнир во Лондон ќе се игра од 15 до 22 ноември и ќе биде последен оваа година.