Циципас доминантно го исфрли Зверев и ќе го брани тронот во Монте Карло

Стефанос Циципас ќе го брани трофејот на АТП турнирот во Монте Карло, откако во полуфиналето го „исчисти“ Александар Зверев со експресни 2-0 (6-4, 6-2). 

Грчкиот тенисер одигра фуриозно, за час и 15 минути го надигра ривалот и стигна до голема победа. Во првиот сет двајцата беа несигурни, имаше дури пет брејка, а поуспешен беше Циципас. Вториот пак, во целост му припадна на Гркот кој со два одземени гема на сервис на Зверев, го исфрли и победи ривалот. 

Во финалето за ривал на Циципас од претходно беше поставен Алехандро Давидович Фокина кој го исфрли Димитров. Грчкиот ас е мотивиран да го одбрани трофејот во финалето кое е на програмата утре со почеток од 14:30 часот.