• Горан Упале
Италијанскиот тенисер Јаник Синер ја зголеми предноста во однос на своите ривали на првото место на АТП-листата и покрај тоа што e суспендиран извесно време.
Синер досега одлежа нешто повеќе од еден месец од суспензијата што му ја изрече ВАДА, но и понатаму е цврсто на врвот на светската ранг-листа.
Не само тоа, туку сега и ја зголеми предноста во однос на второпласираниот Александар Зверев на 3.385 поени на првото објавено рангирање по Индијан Велс.
Зверев беше поразен во второто коло на турнирот, губејќи 160 поени, а Синер ја зголеми предноста и пред шпанскиот тенисер Карлос Алкараз, кој беше елиминиран во полуфиналето и загуби 600 поени.
Што се однесува до АТП листата и моменталната ситуација во тенисот, и покрај тоа што беше елиминиран во второто коло на Индијан Велс, Новак Ѓоковиќ исто така има напредок на АТП листата и сега е на петтото место.