Човекот кој го исфрли Надал експресно испадна во Рим

Норвешкиот тенисер Каспер Руд се пласира во полуфиналето на мастерс-турнирот во Рим со победа над Денис Шаповалов (7-6, 7-5).

Мечот траеше два часа и 21 минута, а Руд беше за нијанса подобар од ривалот кој во претходната рунда го исфрли Рафаел Надал. Во првиот сет се пропуштија неколку брејк-топки па се замина во тај-брејк во кој поуспешен беше Норвежанецот.

Во вториот сет Шаповалов имаше шанса да изедначи, но откако не искористи брејк, Руд го освои својот сервис, па потоа тој направи брејк за победа над ривалот.

Во полуфиналето Руд ќе игра против Новак Ѓоковиќ или Оже-Алијасим.