Чилиќ никогаш не бил полош, ја заврши сезоната без ниту едно четвртфинале

Марин

Марин Чилиќ е еден од тенисерите кои успеале да освојат Грен слем титула во ерата на „големата тројка“.

Меѓутоа, Хрватот зад себе остави година за заборав. Сезоната ја заврши со убедлив пораз на турнирот во Софија, каде доби лекција од Јонас Форејтек од Чешка.

32-годишниот тенисер првпат во својата кариера комплетира цела календарска година без четвртфинале на ниту еден турнир. Тоа доволно кажува за драстичниот пад во неговата форма во изминатиот период.

Чилиќ е поранешен светски рекет број три кој го има освоено УС Опен, одиграл финалиња на Австралија опен и Вимблдон и освоил 18 АТП титули.