Чилиќ: На младите им е тешко, не знам кога ќе има промена на генерациите

Марин Чилиќ

Најдобриот хрватски тенисер Марин Чилиќ изјави дека во него постои сомнеж дека доминацијата на Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер набрзо ќе заврши.

„Во тенисот постојат оние најдобрите, а на другата страна се младите кои сè уште не го пронашле патот кон врвот. Многу од нив работата напорно за да освојат титула, но додека Новак, Рафа и Роџер се тука, тешко дека ќе се случи промена на генерациите. Моментот е непознаница за многу љубители на спортот.

Федерер има 37 години и ќе биде интересно да се види до кога ќе игра. Мислам дека нема да има никакви промени во следните две-три години...“ , вели Хрватот.

30-годишниот Чилиќ имаше лош старт на новата сезона и заработи елиминација во четвртото коло на Австралија опен.