Чилиќ го загуби клучниот меч, Русија е нов шампион во Дејвис Купот

Тениската репрезентација на Русија е освојувач на овогодинешниот Дејвис Куп и тоа по одигрувањето на натпревари во сингл-конкуренција.

Клучниот натпревар го загуби Марин Чилиќ, кој падна пред Данил Медведев со 0-2 во сетови (6-7, 2-6). Претходно, Гојо загуби од Рубљев и така „зборнаја“ обезбеди доволна предност за титула пред мечот во двојки кој ќе биде само формалност.

За Русија ова е трета Дејвис Куп титула во историјата, прва по пауза од 15 години, додека Хрватска го загуби второто финале и на своето конто останува со титулите од 2005 и 2018 година.