Чилеанецот кој го исфрли Ѓоковиќ ќе игра полуфинале на Мастерсот во Рим

Алехандро Табило го игра турнирот од соништата во Рим, бидејќи се пласира во полуфиналето на овој Мастерс. Чилеанецот го исфрли Новак Ѓоковиќ во третата рунда, успеа да го победи Жижен Жанг во четвртфиналето со 2-0. 

Во битката за место меѓу четирите најдобри Табило го реши мечот за час и 26 мунути. Кинескиот ривал се обидуваше да парира, меѓутоа немаше сили. Првиот сет чилеанскиот тенисер го реши со еден брејк и 6-3, а слично беше и во вториот кој заврши со 6-4. 

Табило во полуфиналната фаза го чека исходот на дуелот меѓу Зверев и Фриц. Ова е најдобар пласман на еден Мастерс за Чилеанецот кој е силно мотивиран за успех во вечниот град.