Четврто место за Македонија на тенискиот „Били Џин Кинг“ Куп во Литванија

Женската тениска репрезентација на Македонија го освои четвртото место на „Били Кинг Џин“ Купот кој се играше во рамки на Втората евроафриканска зона. 

Нашите девојки денес во литванскиот град Вилнус забележаа две победи во сингл-конкуренција. Најпрво Магдалена Стоилковска оствари триумф над Израелката Мика Бучник со 2-0 (6-2 и 6-4), додека Лина Ѓорческа беше исклучително убедлива против Карин Алторни, непрепуштајќи ѝ на противничката ниту еден освоен гем (6-0, 6-0). 

Македонија како второпласирана од првата група учествуваше во разигрувањето, а во првиот сегмент забележавме победа над Естонија (2-1) и убедлив пораз од Хрватска (0-3).