Четвртфиналето во Синсинати би можело да донесе дуел меѓу Ѓоковиќ и Кирјиос

Ѓоковиќ Кирјиос

Фановите на Новак Ѓоковиќ со нетрпение чекаат дуел против Ник Кирјиос. Австралискиот тенисер често изразува непочитување кон првиот светски рекет, а неговите приврзаници гледаат шанса за одмазда на теренот.

Тоа би можеле да го дочекаат веќе во Синсинати. Ждрепката посака, доколку работите се одвиваат како што треба, двајцата тенисери да се сретнат во четвртфиналната фаза.

Полуфиналето за Ѓоковиќ носи потенцијален меч со Роџер Федерер кој го држи рекордот на турнирот со седум освоени титули.

Мастерсот во Синсинати е на програмата од 12-18 август.