Четири македонски тенисери дел од квалификациите на Македонија Опен 2025

Четири македонски тенисери ќе бидат дел од утрешните мечеви од првото коло од квалификациите на Македонија Опен челинџерот кој што се игра во Скопје.
Во „костурот“ од квалификациите се: Берг Бугариќ, Обрад Марковски, Амар Хусеиновиќ и Стефан Мицов. Тие ќе настапат со „вајлд карти“, но добија исклучително силни ривали во квалификациите.

Обрад Марковски за противник го доби првиот носител од квалификациите Даниел Михалски од Полска, додека Берк Бугариќ за ривал го има осмиот носител во квалификациите Неил Оберлајтнер од Австрија, кој лани беше четвртфиналист на турнирот во Скопје. Најмладиот наш тенисер во квалификациите Амар Хусеиновиќ за ривал ќе го има Нермин Фатиќ од Босна и Херцеговина (петти носител), додека Стефан Мицов ќе игра против добро познатото име во Скопје Жерар Кампана Ли од (Јужна Кореја), кој лани на турнирот во Скопје беше полуфиналист, а пред две години играше во четвртфиналето.

На Централниот терен според програмата прв е мечот: Марковски – Михалски, потоа следува мечот Бугариќ – Оберлајтнер, а последен е мечот Мицов – Кампана Ли. Мечот Хусеиновиќ – Фатиќ ќе се игра на теренот број 5 и планиран како трет на овој терен. Почетокот на мечевите е предвиден во 10:30 часот, а влезот е слободен.