Четири града во борба за завршниот АТП Мастерс во 2021 година

Завршниот АТП-турнир во 2021 година нема да се игра во Лондон, па четири града покажаа интерес да ги соберат најдобрите светски имиња во машкиот тенис.

„О2“ Арената нема да биде домаќин, за првпат по 2009 година, а интерес за АТП-турнирот покажаа два града од Европа, како и два од Азија. Од Европа доаѓаат Манчестер и Торино, додека од азискиот континент се Токио и Сингапур.

Градот кој ќе биде домаќин на завршницата, ќе преземе цел циклус и ќе го одржува тенискиот настан од 2021 до 2025 година.