• Мартин Танасковски

Чешката тенисерка Каролина Мучова продолжи да импресионира на Грен Слем турнирот Ролан Гарос и со победа над Арина Сабаленка (7-6, 6-7, 7-5) се пласира во финалето на престижниот турнир во Париз.
Мучова, која лани се повреди на Ролан Гарос, оваа година блеска. Првите два сета ги одлучи тај-брејкот, а во третиот решавачки сет, Мучова имаше негатива од 2-5, Сабаленка сервираше и имаше меч-топка за победа, ама откако Чехинката се спаси, режира магичен пресврт со пет освоени гема во низа.
За Мучова ова беше шеста победа на Ролан Гарос оваа година, а во претходните четири настапи на овој турнир, таа имаше само пет победи. Со овој триумф и пласманот во финалето Чехинката обезбеди најмалку шеснаесеттото место на АТП-листата.
Во финалето Мучова ќе игра со првата носителка Швјонтек или Бразилката Хадад Маиа.