Челниците на АО веруваат: Ѓоковиќ носител на ждрепката за турнирот

И покрај сите проблеми со визата и можната депортација, челниците на Австралија Опен веруваат дека Новак Ѓоковиќ ќе настапи на турнирот во Мелбурн. Српскиот тенисер е во исчекување, победи на суд и му беше вратена визата, но сега ја чека конечната одлука на министерот за емиграција околу својата иднина во Австралија. 

Иако сè уште не е познато дали Ѓоковиќ ќе добие „зелено светло“ да остане и игра во Мелбурн, организаторите на турнирот на два дена пред ждрепката го потврдија српскиот ас како носител на истата. Новак и фановите се надеваат дека ќе добие можност да брка јубилеј и десетти трофеј на „Ози Опен“, а во извлекувањето ќе има најдобра позиција. 

Втор носител на турнирот очекувано е Данил Медведев, пред Александар Зверев и Стефанос Циципас. По нив се сместени Андреј Рубљов и повратникот Рафаел Надал, а меѓу најдобрите десет се уште Матео Беретини, Каспер Руд, Феликс Ожер-Алијасим и Хуберт Хуркач

Кај дамите носителка е домашната тенисерка Ешли Барти која воедно е и најдобра на ВТА листата. Зад неа високо котираат Арина Сабаленка и Гарбин Мугуруза, додека по нив со ред следат Крејчикова, Сакари, Контавеит, Швојнтек, Бадоса, Џабер и Павличенкова.