Централниот терен на Ролан Гарос конечно ќе добие покрив

Филип Шатрие

Организаторите на вториот сезонски Грен слем турнир, Ролан Гарос, донесоа одлука да постават покрив на централниот терен „Филип Шатрие“.

Тоа значи дека од 2020 година ќе гледаме мечеви во затворени услови во Париз. Ова се одлични вести за тенисерите кои оваа година имаа проблеми со лошото време.

Оваа идеја датира од пред неколку години, а случувањата на овогодишниот турнир ги натераа челните лица да преземат сериозни чекори кон решавање на проблемот.

Поставувањето на конструкцијата над теренот ќе започне во средината на септември.

Претседателот на турнирот Бернард Гуидичели откри дека вечерните мечеви на Ролан Гарос се планирани за 2021 година.