• Горан Упале
Кинескиот тенисер Жунчаокете Бу се пласира во полуфиналето на АТП турнирот во Пекинг, откако во последното четвртфинале го совлада Андреј Рубљев со 2-0 во сетови (7-5, 6-4), во меч кој траеше 94 минути.
Бу, кој на овој турнир доби специјална покана за настап, моментално е 96-ти тенисер во светот, додека Русинот е шести на АТП листата, па може да се каже дека Кинезот приреди голема сензација на турнирот каде што настапуваат најдобрите тенисери.
Во полуфиналето на турнирот во Пекинг, Бу ќе игра против Италијанецот Јаник Синер. Во второто полуфинале ќе се сретнат Шпанецот Карлос Алкараз и Русинот Данил Медведев.