Бројките кажуваат сѐ: Никој не е ни блиску до Надал на земјена подлога

Надал Рафаел

Шпанецот Рафаел Надал е освојувач на Грен слем турнирот Ролан Гарос. Бранителот на титулата во финалето беше подобар од Доминик Тием и ја продолжи доминацијата во француската престолнина.

Во својата кариера, тенисерот од Мајорка никогаш не загубил во финалниот меч во Париз. Има неверојатен скор од 118-2 на дуелите подобар во пет сета на земја.

Рафа има 24-0 во полуфиналињата и финалињата, 26-1 против тенисери во Топ 10 на АТП листта и само два порази (Робин Содерлинг и Новак Ѓоковиќ) .

На вечната листа меѓу освојувачите на Грен слем титули, Надал сега има само два помалку од лидерот Роџер Федерер

Со скоро 110 милиони евра, шпанскиот тенисер продолжи да се доближува до Федерер и Ѓоковиќ, кога е во прашање вкупната заработка во кариерата.