Британската тинејџерка „меле“ сè пред себе: Радукану ќе игра полуфинале на УС Опен

Бајката на британската тенисерка Ема Радукану продолжува на УС Опен, откако најпријатното изненадување во женскиот турнир на УС Опен се избори за историско учество во полуфиналето.

Тинејџерката која наполни 18 години одново ги собра симпатиите кај тениските фанови и со блескав натпревар со сигурни 2-0 ја совлада фаворизираната Белинда Бенчиќ. Британката повторно не загуби сет и ја потврди одличната форма со која брише сè пред себе во Њујорк, а   новата пречка ја мина за нешто помалку од час и половина и искористувајќи ја првата меч топка.

Во првиот сет 150-та тенисерка започна во грч и бркаше брејк-негатива, но кога беше најпотребно влезе во серија и со два врзани гема на притивнички сервис поведе со 1-0 (6-3). Во вториот сет пак се играше без грешка, но Радукану одново имаше повеќе концентрација во клучните моменти и ја испушти големата шанса која што ѝ се пружи и се пласира во полуфиналето (6-4).

Во борбата за финале, Британката ќе се сретне со подобрата од мечот меѓу Плишкова и Сакари.