• Горан Упале

Руските и белоруските тенисери годинава ќе можат да учествуваат на Вимблдон, ексклузивно дознава „Дејли мејл“. Минатата сезона не им беше дозволено настап поради војната во Украина, а се открива дека тенисерите ќе бидат исфрлени од турнирот доколку покажат каква било поддршка за војната и ќе се натпреваруваат под неутрално знаме.
АТП и ВТА лани не ги признаа бодовите од Вимблдон, а сега се заканија дека ќе ги одземат лиценците за турнирите во Квинс и Истбурн, па дојде до отстапка.
Од руските играчи нема да се бара јавно да кажат дека се против војната, но можеби ќе треба да потпишат кодекс на однесување пред турнирот - сè уште не е познато што точно ќе пишува, но нема да им биде дозволено да го носат руско знаме или да зборуваат позитивно за Русија.
Данил Медведев, Андреј Рубљев, Карен Хачанов, Викторија Азаренка, Арина Сабаленка..., сега ќе можат да настапат и на слемот кој започнува на трети јули.