Бранителот на титулата во Лондон се соочува со повреда пред турнирот

Циципас

Минатогодишниот шампион на завршниот турнир во Лондон, Стефанос Циципас, се повлече од дуелот во двојки во Париз.

Грчкиот тенисер има проблеми со ногата и не сакаше да ризикува во пресрет на натпреварите во британската престолнина. Тоа го соопшти неговиот партнер во двојки Аисам Ул Хаг Куреши.

Во сингл конкуренција, 22-годишникот доживеа пораз од домашниот натпреварувач Уго Хумберт.

Циципас има десет дена да се опорави, со оглед на почетокот на завршниот турнир на 15 ноември.