Борг: Моментално Федерер е најголем на сите времиња, но Ѓоковиќ опасно се доближува

Бјорн Борг и Роџер Федерер

Едно од најголемите тенисерски имиња на сите времиња, Бјорн Борг даде свое мислење за изборот на најдобар тенисер на сите времиња и го прогнозираше следниот Грен слем турнир во Лондон.

„Сакам да ги гледам Федерер, Надал, Ѓоковиќ и Мареј. Секогаш кога играат меѓусебно се обидувам да ги гледам. Моментално, како што стојат работите најдобар тенисер на сите времиња е Роџер Федерер. Неверојатно е она, што тој го направи за тенисот. Го крена спортот  на едно високо ниво со неговото однесување внатре и надвор од теренот. Меѓутоа, Новак Ѓоковиќ е на добар пат да ги стигне неговите 17 титули на Грен слем турнирите, па дури и да ги престигне. Тогаш би имало дебата по ова прашање“ , изјави 60-годишниот Швеѓанец.

На Вимблдон, Новак Ѓоковиќ ќе биде прв фаворит, а Швајцарецот ќе се надева на некакво изненадување, како би стигнал до осмата титула во Лондон.