• Саше Љолес
Организаторите на неофицијалното светско тениско првенство, Вимблдон, објавија дека наградниот фонд за овогодишното издание ќе изнесува рекордни 50 милиони фунти.
Оваа сума е за 5,3 милиони повеќе од минатата година, што претставува зголемување за 11,9 проценти. Победниците во машка и женска категорија ќе добијат иста награда во вредност од 2,7 милиони фунти, односно скоро 15 проценти повеќе од минатата година.
Новото издание на веројатно најпрестижниот Грен-Слем во светот ќе започне на први јули, а финалето во машка конкуренција е закажано за две недели подоцна.