• Мартин Танасковски

Светскиот рекет број еден Јаник Синер се пласира во полуфиналето на Австралија Опен по победата во три сета над Алекс Де Минер со 6-3, 6-2, 6-1.
Италијанецот без поголеми проблеми и можеби полесно од очекувањата го доби овој меч. Единствен момент каде што имаше малку драма беше првиот сет, каде Австралиецот успеа да се одржи во првите три гема, но потоа Италијанецот направи брејк во четвртиот гем.
Ова ќе биде ново полуфинале во Мелбурн за Италијанецот кој во полуфиналето ќе се сретне со Американецот Бен Шелтон.
Синер се уште има шанса да ја одбрани титулата на првиот Грен слем сезонава.