• Иван Димовски
Данил Медведев доживеа еден од најтешките порази во кариерата откако на Мастерсот во Монте Карло беше декласиран од Матео Беретини со убедливи 2-0 (6-0, 6-0).
Русинот кој беше седми носител, одигра катастрофален меч и практично немаше одговор на играта на Италијанецот, правејќи голем број грешки и подарувајќи поени во серија.
Во ниту еден момент не успеа да влезе во ритам, па мечот заврши за само 47 минути. Во еден момент во вториот сет Медведев ги загуби нервите, бесот го исфрли врз рекетот и доби судиска опомена за однесувањето.
Medvedev tuvo un día muy tranquilo en la oficina...pic.twitter.com/1LElO1KBf6 https://t.co/CDpjJAiWrp
— Tiempo De Tenis (@Tiempodetenis1) April 8, 2026
Беретини продолжува со добрите настапи во Монте Карло и досега нема загубен гем по првите две гола. Во следното коло ќе игра против победникот од дуелот меѓу Жоао Фонсека и Артур Риндеркнех.

