Бизарна сцена: Тапа од шампањ на терен го прекина финалето на Вимблдон (ВИДЕО)

Јаник Синер и Карлос Алкараз се судрија во финалето на Вимблдон на „Централниот терен“ во Лондон. 

Овој натпревар предизвика огромно внимание, а за време на вториот сет кога Синер требаше да сервира за освојување на гем се случи бизарна ситуација. Имено, фокусот на Италијанецот му го одзеде звук на пукање, а стануваше збор за шампањ од некоја од ВИП ложите. 

  • Бизарната ситуација на теренот во Лондон:

За ситуацијата да биде уште побизарна, тапата падна на теренот веднаш зад Синер, па тој ја зеде и ја подаде на едно од девојчињата задолжени за додавање топчиња. Оваа случка повеќе го налути Алкараз кој беше видно незадоволен.