• Горан Упале
Италијанецот Јаник Синер минатата седмица забележа нов успех и со Италија ја одбрани титулата во Дејвис Купот. Тој останува на лидерското место на АТП листата, која беше објавена денеска, со вкупно 11.830 освоени бода.
Примени во рангирањето на првите десет играчи на планетата нема, па така на второто место сè уште е Александар Зверев, па следуваат Шпанецот Карлос Алкараз со 7.010, Тејлор Фриц од САД, Русинот Данил Медведев и Норвежанецот Каспер Руд. На седмата позиција е најтрофејниот – Новак Ѓоковиќ, осми е Русинот Андреј Рубљев, а зад него се Австралиецот Алекс де Минор и Бугаринот Григор Димитров како десетти играч во светот.
Што се однесува до македонските тенисери Калин Ивановски, кој полека влегува во форма по тешката повреда и долгата пауза, направи скок и сега е на 1292 позиција, а пред него е Горазд Србњак на 1142 позиција. Kaj дамите Лина Ѓорческа падна за едно место и сега е на 287. позиција.