Беше трета тенисерка во светот, а сега е на првата борбена линија во Украина!

Елина Свитолина подолго време е една од најголемите ѕвезди на женскиот тенис. 29-годишната украинската тенисерка паузата помеѓу крајот на старата и почетокот на новата сезона ја искористи за посета на украинските војници во близина на Харков. Свитолина објави фотографии на Инстаграм, на кои се гледа како вежба пукање со автоматска пушка.

„Харков има посебно место во моето срце. Градот кој ми даде чувство на вистински дом кога ја започнав мојата професионална кариера овде на 12-годишна возраст. Градот продолжува да дава топлина и заштита за време на големата војна. Прашајте ме каде наоѓам мотив да се борам на спортските терени - ова е мојата земја, мојот народ, мојот Харков и нашите херои“, напиша Елена во објавата.

Својот најдобар пласман Свитолина го имаше пред седум години, кога беше трета во светот. Таа освои седумнаесет турнири, а трипати учествуваше во Грен слем полуфинале. Украинката во кариерата заработила околу 25 милиони евра од успеси на различни турнири. Таа во моментов е 23-та тенисерка во светот.